„Просечната плата е зголемена за 50 отсто, а минималната плата за 100 отсто. Ако во 2016 година биле потребни четири и пол мининмални плати за покривање на една потрошувачка кошничка, денес се потребни две минимални плати“ рече премиерот Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат.
Тој додаде дека податоците кажуваат и дека за 50 отсто се пораснати и минималната и просечната пензија во однос на 2016 година.
„Кога зборуваме со податоци од Заводот за статистика, тоа не може да се негира“ рече Ковачевски.
„Тоа се факти што не може да се негираат со популизам и лажни соопштенија во кои се наведуваат други бројки“ рече Ковачевски.
