HomeАктуелноКовачевски го честита Денот на ослободувањето на Скопје

Ковачевски го честита Денот на ослободувањето на Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје упати честитка до граѓаните.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите и борците кои се бореа храбро за секоја улица на градот, и на овој ден пред 78 години, на граѓаните на Скопје им ја донесоа долгоочекуваната слобода. Од тој ден, Скопје, пулсира како слободен град, наведува Ковачевски.

Во негово и во име на Владата изразува длабока почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град.

-Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, наведува Ковачевски во чститката.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.