Добро е дека се разговара за уставните измени, дека се отвори дискусија. Сметам дека тоа треба да биде процес којшто се одвива низ процедура како и до сега, која е пропишана согласно нашите закони, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прашањето што мисли за ставот на Алијанса на Албанците и Беса кои најавија дека ќе гласаат за уставни измени само доколку се тргнат 20% од Уставот за албанскиот јазик.
Штом ќе биде отворена процедурата, кога ќе се види дека има волја, практично консензуална воља, а гледам дека сите партии имаат позитивен однос кон уставните промени, па дури и оние коишто беа изричито против, сега кажуваат дека врз основа на одредени услови би поддржале уставни измени, сметам дека треба да се седне на маса, сите политички партии да ги кажат своите претпоставки, да го кажат својот став во однос на уставните промени за да може на крајот да се дојде до решение коешто ќе бидеприфатливо за сите – рече Ковачевски.
На прашањето дали за уставните измени ќе има средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, премиерот потсети дека со опозицискиот лидер раговарале кога тема бил францускиот предлог и енергетската криза.
Со Мицкоски се водевме за францускиот предлог, за енергетската криза и тоа е нормална комуникација меѓу претседатели на парламентарни партии. Секогаш кога ќе има прашање коешто е од интерес за сите граѓани нормално е дека ќе се видиме, како што се гледаме со претседателите на другите партии, рече тој.
Ковачевски рече дека досега не разговарал со ниту една опозициска партија за вклучување во владата.
