Лидерот на ГДУ Петар Колев ја советува Владата на Република Македонија да ги впише Бугарите во Уставот, а согласно со пописот, прва задача да биде назначување Бугари во МВР и Бугарин на чело на Обвинителството во Охрид.
Во разговор за Радио Благоевград, кој го пренесува БНР, тој оценува дека македонската политичка елита не сака да продолжи европската интеграција на Македонија и затоа што не презема никакви мерки кон тоа што се случува.
Зошто не сака? Затоа што Македонија е една од најкорумпираните држави во Европа. Македонската политичка елита преку нејзиниот конфликт со Бугарија, наоѓа начин да ја оддалечи земјата од ЕУ и тоа го прави апсолутно намерно, вели Колев.
Тој вели дека самиот факт што бугарската држава проценила дека треба да го прибере тоа момче (Христијан Пендиков) во Софија, значи дека нема никаква доверба во македонската страна, ниту во здравството, ниту во политичарите.
Целата политичка елита не беше на висина на задачата. Ниту еден политички лидер во Македонија, вклучително и албанските, не излегоа јавно да го осудат нападот и да побараат правда за тоа што се случи. Ниту еден, што е трагично, изјави Колев.
Тој ги посоветува македонските власти да се зафатат со промена на Уставот.
Место да се занимава македонската влада и македонската држава со такви, никому ненужни глупости, би ги посоветувал да се зафатат со промена на Уставот, да ги впишат Бугарите во Уставот, да ги гарантираат нивните права. При што, како прва задача, согласно со пописот, ги очекуваме првите назначувања на Бугари во Министерството за внатрешни работи и во Обвинителството. Првото што го бараме, е главниот, односно Градскиот обвинител во Охрид, согласно со последниот попис, да биде Бугарин. Како што во другите градови се Албанци, Турци, Власи итн. Ние сакаме во Охрид одговорниот Градски обвинител да биде Бугарин. Тогаш да видиме дали некој ќе тргне да врши такви престапи, рече Колев.
Петар Колев, кој се декларира како Бугарин, е претседател на партијата Граѓанско демократската унија (ГДУ), регистрирана во Република Македонија, од неодамна и координатор на новоформираниот „Центар за стратегиски анализи и планирање“ во Скопје. Од август минатата година, тој е дел од раководството на бугарската новинска агенција БгНес.
На локалните избори во Охрид во 2019 година неговата партија освои 1.655 гласови, а една година подоцна, на парламентарните избори, за ГДУ гласот до дале само 3.555 лица, односно само 0,39% од гласачкото тело. Токму и затоа, на социјалните мрежи, луцидните охриѓани прашуваат да не сака Бугарин да биде и прв човек на ЦИА.
