Од МВР инфомираат дека на 18.09.2022, при извршени контроли во угостителски објекти и ноќни клубови во Охрид, полициските службеници кај С.Д.(21) од струшкото село Октиси и М.К.(36) од Струга пронајдоа и одзедоа остри предмети.
По целосно документирање, СВР Охрид против нив ќе поднесе соодветни пријави, додаваат од секторот за односи со јавност на МВР.
