HomeАктуелноКонференција за улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан

Конференција за улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан

„Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“ е тема на конференцијата, што од денеска до 30 август ќе се одржува во Охрид во организација на Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината Маршал Центар од земјава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Работилницата, како што е најавено, се очекува да ја отворат претставници од НАТО,  амбасадорките на САД и Германија во земјава, Кејт Мери Брнс и Анке Холштајн, како и директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Беким Маскути.

Меѓу предавачите, според најавата, се професори, експерти и дипломати од областа безбедноста од балканските држави, Европската унија и САД.

– Ќе се дебатира за стабилноста на Балканот и улогата на земјите од регионот, а ќе стане збор за украинското прашање и улогата на НАТО. Еден дел ќе биде посветен и превенцијата од глобалната закана за тероризам, радикализацијата и мигрантското прашање, стои во информацијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.