Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој е кандидат за уште еден мандат вчера пред согрѓааните даде отчет за сработеното.
Дозволете најнапред да ви се заблагодарам на вас граѓаните на општина Бутел кои во изминативе 4 години, несебично и безрезервно ме поддржувавте, благодарам за секоја идеја, за секој искрен и чесен пристап, но и за секоја критика. Свесен сум дека не направивме сѐ, но исто така сум свесен дека поставуваме нови стандарди како се управува општината и како се реализираат капитални проектите кои се ветувани со децении наназад! Предизвиците се големи, но ќе истраеме се додека не успееме! – порача тој.
Вети дека ќе се гради и создава уште повеќе во Бутел.
Имаме кандидати за советници кои се почитувани во своите населени места но и докажани професионалци. Тим кој со сигурност ќе донесе многу нови проекти за општина Бутел и во наредниот период. Носител на оваа победничка листа е д-р Никола Божиновски. Сега има разлика, но за 4 години општина Бутел ќе биде најубавата општина во градот Скопје. Мојата осумгодишна визија е плод на љубов, работа и искреност! Овие 4 години се години на ренесанса, години во кои се реализираа рекорден број на капитални проекти и години на најголем развој на општина Бутел, истакна Костовски на отчетот.
