HomeАктуелноКостовски: СДСМ ги поднесе законските измени, нема да пораснат платите на функционерите

Костовски: СДСМ ги поднесе законските измени, нема да пораснат платите на функционерите

Најдовме уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пратеничката група на СДСМ денека поднесе измена на сите закони со кои се регулираат платите на сите избрани и именувани функционери.

Со измените на законите постоечките коефициенти на плати се намалуваат со што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат.

Пратениците на СДСМ поднесоа измени на 6 закони:

Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица,

Законот за пратениците,

Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители

Закон за платите на судиите

Закон за платите на јавните обвинители и

Закон за платите на членовите на судскиот совет.

Сите по скаратена постапка.

Бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица ова е единственото уставно решение.

Пратеници, министри, директори, градоначалници, судии, обвинители, сите избрани и именувани лица или околу 1.060 лица се опфатени со овие законски измени.

Очекуваме поддршка од сите пратеници во македонското Собрание.

Сите да покажеме солидарност и да ги поддржиме овие законски измени а парите наместо за поголеми плати на функционерите да завршат кај граѓаните.

Со СДСМ во изминатите години растат платите и пензиите, повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Просечната плата достигна историски највисоко ниво од 40.000 денари и ние така ќе продолжиме, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.