HomeАктуелноКОЈ И ЗОШТО ОБЈАВИ ПОГРЕШНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ОД ОХРИД? МВР наведува 31, а информациите до редакцијата се дека има 28 години

КОЈ И ЗОШТО ОБЈАВИ ПОГРЕШНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ОД ОХРИД? МВР наведува 31, а информациите до редакцијата се дека има 28 години

КОЈ И ЗОШТО ОБЈАВИ ПОГРЕШНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ОД ОХРИД? МВР наведува 31, а информациите до редакцијата се дека има 28 години

Случајот со бруталниот напад врз младата Сара од Охрид отвори низа прашања за постапувањето на институциите, но и за точноста на информациите што полицијата ги соопштува во јавноста.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Едно од прашањата на кое сè уште нема јасен одговор е возраста на осомничениот за нападот.

Имено, во официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи беше наведено дека станува збор за 31-годишно лице со иницијали К.К. од Охрид.

Но, нашата редакцијата  во својата претходна објава, повикувајќи се на информации добиени за случајот, објави дека станува збор за 28-годишно лице.

Ова отвора сериозно прашање: Кој ги доставил податоците до полицијата, врз основа на кои информации е составено соопштението и зошто постои разлика во возраста?

Доколку станува збор за административна или техничка грешка, јавноста заслужува да биде информирана. Доколку, пак, полицијата располага со официјални документи врз основа на кои ја навела возраста од 31 година, потребно е тоа да го појасни.

Во случај кој предизвика големо внимание и реакции кај граѓаните, секој детал е важен. Особено кога станува збор за официјални информации од институција задолжена за информирање на јавноста.

СВР Охрид и Министерството за внатрешни работи би требало да одговори на следните прашања:

  • Дали осомничениот има 28 или 31 година?
  • Врз основа на кои податоци е објавена возраста од 31 година?
  • Дали МВР утврдило дека во првичното соопштение има грешка?
  • Доколку има грешка, дали ќе биде објавена официјална исправка?

Јавноста има право на точни и проверени информации, а институциите имаат обврска да одговараат за точноста на она што го соопштуваат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.