HomeАктуелноКрадец фатен на дело – со своето возило пробувал од фабрика да изнесе плочки за пруга

Крадец фатен на дело – со своето возило пробувал од фабрика да изнесе плочки за пруга

На 15.11.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го  лишиле од слобода С.Л.(35) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од лице вработено како обезбедување тој бил затекнат при обид со возило „киа пиканто“ со скопски регистарски ознаки, од фабрика да изнесе плочки за пруга со вкупна тежина од околу 400 килограми.

Плочките му биле одземени и вратени на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.