Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2023 година. Во тек е крводарителска акција „Секоја капка е важна“ на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид.
Ги покануваме сите граѓани и студенти да ја искажат својата хуманост, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, апелираат од Црвен крст Охрид.
Акцијата ќе трае до 14:00 часот.
