HomeАктуелноКривична пријава за двајца полицајци кои примиле поткуп за да не напишат казна за поминување на црвено светло

Кривична пријава за двајца полицајци кои примиле поткуп за да не напишат казна за поминување на црвено светло

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полициските службеници Б.В. и Х.З. , вработени во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, пријавените на 25.09.2022 при вршење на сообраќајна контрола на ул. Димитрија Чуповски во Скопје, од оштетениот Г.Ј. побарале и примиле поткуп за да не извршат службено дејствие кое биле должни да го извршат, односно за да не изготват прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Против полициските службеници е покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.