HomeАктуелноКривична пријава за самовластие

Кривична пријава за самовластие

Во врска со пријавено кривично дело „самовластие“ по чл.392 ст.2 од КЗ, пријавено на 08.08.2022 од страна на Ф.С новинар од ТВ Клан, а сторено од А.М.Б., вработена во ЈП Комунална хигиена-Скопје во просториите на јавното претпријатие, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, превземени се мерки и активности за документирање  на кривично правниот настан, при што на 09.08.2022 во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје  повикана е А.М.Б., која го одземала мобилниот телефон на оштетениот Ф.С. и со неа е извршен службен разговор во врска со пријавеното кривично дело.

Исто така на 09.08.2022 година во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикан е С.К., вработен во ЈП Комунална хигиена- Скопје, кој бил присутен за време на настанот. По извршената консултација со ОЈО Скопје, против А.М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.