HomeАктуелноКривична пријава против скопјанец, злоупотребил лични податоци на поранешната сопруга

Кривична пријава против скопјанец, злоупотребил лични податоци на поранешната сопруга

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П.(40), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 22.09.2023, без согласност од неговата поранешна сопруга, ги злоупотребил нејзините лични податоци и на Фејсбук профил на нејзината сестра напишал коментари со навредлива содржина, како и фотографии од налози за исплата на парични средства на кои се наоѓале нејзините лични податоци, со што ги направил јавно достапни, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.