HomeАктуелноКривична против правно лице од Долно Лакочереј, вршеле јавен превоз без лиценца

Кривична против правно лице од Долно Лакочереј, вршеле јавен превоз без лиценца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во охридското село Долно Лакочереј, против сопствениците и управителите И.В. и М.В. како и против Н.Ј.-возач во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контрола извршена на 08.05.2022 година, полициските службеници, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, сопреле автобус со охридски регистарски ознаки, сопственост на правното лице, управуван од пријавениот Н.Ј, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Притоа, констатирале дека тој нема лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.