Еден од најдобрите светски фудбалери, легендата Кристијано Роналдо веројатно ги доживува еден од најтешките моменти во својот живот. Имено, тој штотуку сподели тажна вест на својот инстаграм профил.
Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со мала надеж и среќа, напишал парот во заедничка изјава на Инстаграм.

