HomeАктуелноЛажна пријавата за наводно поставена бомба во училиште во Охрид, завршени сите потребни проверки

Лажна пријавата за наводно поставена бомба во училиште во Охрид, завршени сите потребни проверки

Прва дојава за поставена бомба утрово во Охрид во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за лажна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Додаваат дека биле направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, потенцираат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.