Да бидеме обединети, храбри и гласни, да преземеме акција денеска за подобра иднина за нас и нашите поколенија. Среќна Нова 2023 година, порача претседателката на ЛДП Моника Зајкова во новогодишната видео честитка за граѓаните.
– Во 2023 година потсетете ги вашите блиски колку ги сакате и пружете им љубов. Нека оваа година биде година на мирот, среќата, хармонијата но и година на забрзан економски раст и развој, година на подобар животен стандард за сите, додаде Зајкова.
Таа додава дека ова не е уште една политичка порака туку граѓанска порака.
– Годината пред нас исполнета со многу предизвици, порачуваат Јелена, Љубица, Игор, Боби, Никола, Ристо, Филип, Јуле, Татјана, Игор, Ксенија, Октај и Моника, кои се само дел од членовите на Либерално-Демкратска Партија во видео честитката за Нова Година.
Тие посакуваат во 2023 Македонија да има силна и конкуретна движечка економија, функционални институции над партиите, стабилен здравствен систем, силни општини со проекти за граѓаните, за метропола каква што заслужуваме, автентични и слободни медиуми, да ставиме крај на лажните вести, поквалитетно и подостапно образование кое ќе обезбеди иднина за младите, развој на спортот за младите таленти, конкретни проекти во културата и за културните работници а европските вредности дома.
