HomeАктуелноЛевица до ОЈО Oхрид поднесе иницијатива за забрана за работа на Здружението ,,Цар Борис III”

Левица до ОЈО Oхрид поднесе иницијатива за забрана за работа на Здружението ,,Цар Борис III”

Левица како политичка партија и глас на народот секогаш реагира и дејствува кога е во прашање македонската посебност и антифашистичката историја велат од ЛО Левица Охрид додавајќи дека како што била поднесена иницијатива за забрана на Здружението „Иван Михајлов“ во Битола, така поднеле и иницијатива за забрана на новоотвореното Здружение „Цар Борис III“ до ОЈО Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Очекуваме реакција од Јавното обвинителство и останатите државни органи за постапување и спречување на овој опасен тренд на наметнување и воздигнување на докажани фашистички дејци и државници на окупаторски држави, за кое реагираше и еврејската заедница во Македонија, додаваат во соопштението.

Од Левица Охрид потсетуваат и за закажаниот протест во петок со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.