HomeАктуелноЛевица поднесе иницијатива за инспекциски надзор против општина Гостивар

Левица поднесе иницијатива за инспекциски надзор против општина Гостивар

Политичката партија Левица, до надлежниот инспекторат, поднесе Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор против Општина Гостивар, бидејќи Советот на Општината донел пропис со кој, спротивно на законите, непосредно во близина на плоштадот во с. Форино, на улица и на јарбол нелегално е истакнато знаме на една заедница и дополнително не е задолжително истакнато и знамето на Република Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Општина Гостивар, како надлежен орган за донесување одлука со која се определува надлежниот субјект за истакнување на знамињата на заедниците, умислено и злонамерно, дозволила незаконско истакнување на знаме на заедница, притоа грубо игнорирајќи го ваквиот законски утврден прекршок.

Во единицата на локалната самоуправа, во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа, како што е и Општина Гостивар, знамето на таа заедница се истакнува постојано единствено пред и во објектите на органите на општината, заедно со знамето на Република Македонија и никаде на друга локација на територија на општината.

На улиците и плоштадите, покрај знамето на Република Македонија се истакнува и знамето на таа заедница единствено во таксативно наведени случаи, па согласно ваквата законска поставеност, знамето на заедницата НЕ СМЕЕ да биде постојано истакнато на предметната локација.

Дополнително, во Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, со кој детално е уреден начинот на кој се истакнува државното знаме, никаде не е наведена можност за истакнување на друго знаме, без притоа да биде истакнато знамето на Република Македонија, со што се врши непочитување и деградирање на највисоките државни симболи, стои во соопштението на политичката партија Левица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.