HomeАктуелноЛевица поднесе нова иницијатива за двосменско работење на градинките во Охрид

Левица поднесе нова иницијатива за двосменско работење на градинките во Охрид

Советникот од редовите на партијата Левица, Виолета Аврамоска, до Претседателот на Советот на Општина Охрид, по втор пат поднесе Иницијатива за донесување одлука со која од Министерството за труд и социјална политика, Советот на Општина Охрид ќе побара воведување на двосменско работно време во детските градинки на територијата на Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 – Двосменското работење на градинките е неопходно. Имено, во приватниот сектор, како и во индустријата, работното време се одвива во две, односно три смени, поради што се јавува проблем со згрижувањето на децата, особено на децата од претшколска возраст. Дополнително, овој предлог го поднесувам повикувајќи се на неформалните укажувања, препораки и барања од Министерството за труд и социјална политика, за потребите од двосменско работење на детските градинки, стои во образложението од партијата.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.