HomeАктуелноЛидерката на крајната десница Мелони положи заклетва како прва жена премиер на Италија

Лидерката на крајната десница Мелони положи заклетва како прва жена премиер на Италија

Италијанската политичарка од крајната десница Џорџа Мелони положи заклетва како нов премиер на Италија, со што стана првата жена во историјата на земјата што ќе ја извршува таа функција.Мелони го предводеше сојузот на конзервативните партии кои победија на парламентарните избори одржани на 25 септември.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Таа вчера ги заврши консултациите со италијанскиот претседател Серџо Матарела во претседателската палата. Пратениците следната недела ќе гласаат за доверба на новата влада во двата дома на Парламентот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.