HomeАктуелноЛитар бензин надмина 100 денари, не очекува жешко ценовно лето

Литар бензин надмина 100 денари, не очекува жешко ценовно лето

Горивата од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по рекордно високи цени. Регулаторната комисија за енергетика попладнево донесе одлука за нови цени на горивата кои ја надминаа границата од 100 денари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  е 104 денари/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 106,50 денари/литар.

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за  95 денари/литар, Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) – 93 денари/литар, а  мазутот ќе чини 54,64 денари/килограм.

Новите, највисоки цени на горивата се очекува да влијаат на цените во малопродажбата, кои се во постојан раст подолг период.

Ако на ова се додаде и најавата за поскапување на струјата, граѓаните ги очекува навистина жешко ценовно лето.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.