HomeАктуелноЛице од Лешани заработи две кривични пријави за сторени дела во Охрид

Лице од Лешани заработи две кривични пријави за сторени дела во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М.(41) од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба”,  „фалсификување знаци за обележување на стоки, мери и тегови” и „фалсификување службена исправа”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој, на 10.08.2023 на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Климештани, бил затекнат како со товарно моторно возило врши транспорт на огревни дрва кои претходно неовластено ги пресекол, по што извршил нелегално жигосување на дрвната маса и фалсификување на испратница за дрвата и ја прикажал како уредно издаден документ од ЈП „Национални шуми”, велат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.