На 09.01.2023 во 17.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.Б.(30) од охридско село затоа што, поради претходни недоразбирања, му се заканувал на неговиот 61-годишен татко.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
