HomeАктуелноЛовџија од Тетовско се застрелал во стапалото

Ловџија од Тетовско се застрелал во стапалото

Во СВР Тетово вчера е пријавен несекојдневен случај на повредување на ловџија од селото Жеровјане. Инцидентот се случил во месноста „Стенечки борови”, атар на тетовско Стенче.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вчера (18 декември) во 10 часот во СВР Тетово е пријавено дека М.И.(69) од тетовско Жеровјане, во месноста „Стенечки борови”, атар на тетовско Стенче, каде бил на лов со уште три лица, сам се повредил во десното стапало. Според пријавеното, тој неговата ловечка пушка ја оставил до возило, а кога било стартувано возилото, пушката  се лизнала, паднала и испукала еден проектил кој го погодил М.И. во стопалото. Тој бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Полицијата ќе презема уште мерки со цел да се расчистува и документира случајот. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.