HomeАктуелноЛокални избори 2025: Отворени се 3.474 избирачки места

Локални избори 2025: Отворени се 3.474 избирачки места

Во 7 часот утрово почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Државната изборна комисија потврдија дека избирачките места се отворени.

Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.

На локалните избори има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети, со вкупно 10.490 кандидати.

Вчера, ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болните и немоќните лица и лицата во старските домови.

ДИК најави дека првите согледувања за текот на гласањето и за излезноста ќе ги објави на прес-конференција во 9.30 часот.

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа по завршувањето на гласањето.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.