HomeАктуелноМакедонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома

Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома

Владата ќе лобира Македонците побрзо бесплатно да разговааат во роамниг отколу останатите земји од Западен Балкан. Нашата земја до крајот на годината ќе ги исполни обврските кои ги бара Унијата, додека другите не се ни до пола. Затоа, ресорниот министер Андоновски вели дека ќе лобира ние пред нив да се приклучиме.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Ние нашите обврски ќе ги завршиме до декември 2025-та и очекувам наредната година први да го потпишеме договорот за роаминг со нула трошоци за македонските граѓани, Минатиот пат, кога се потпишаа договорите за роаминг на Западен Балкан ги потпишаа сите држави во исто време. Овој пат, со оглед дека е во врска со ЕУ, би требало да биде секоја држава за себе. Планот на ЕУ е за сите држави од Западен Балкан. Тоа останува да го дискутираме на претстојниот „Дигитален самит на Западен Балкан 2025“ и се надевам дека ќе имам е конкретен одговор на ова прашање, но наша обврска е ние да бидеме подготвени до јануари, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Токму оваа иницијатива ќе ја предложи на престојниот „Дигитален самит за Западен Балкан“, кој ќе се одржи за десетина дена во Скопје.

Забрзана дигитализација на услугите кои ги добиваат граѓаните од јавните институции, посилна заштита на личните податоците, односно поголема сајбер безбедност, дигитален паричник и подобри дигитални вештини ќе бидат главните теми за кои ќе дебатираат над 800 учесници од регионот на претсојниот самит.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.