„Попусто попусти кога цените се исти“ е главната парола која зазема централно место кај граѓаните кои на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на маркетите за во петок.
Во повикот за кој засега нема организатор стои:
„Стоп за високите цени на храната по маркетите,стоп за огромниот профит на поединци врз грбот на народот. Да се здружиме сите заедно бидејќи нема кој да не заштити“, оваа е главната порака на која ќе наидене на Фејсбук групата: „ БОЈКОТ!!! СТОП ЗА ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ХРАНАТА!!!
Политичките партии не чекаа два пати за да прикажат солидарност и тие повикаа на бојкот. Во нивните повици доминантни се меѓусебните обвинувања за тоа кој што направил и во чие време граѓаните го плаќаат повисокиот данок од спроведените политики.
Од СДСМ велат дека граѓаните се спремаат за бојкот на маркетите затоа што Владата не ги заштити.
Премиерот Христијан Мицкоски има разбирање акцијата на граѓаните овој петок да се бојкотираат маркетите поради високите цени, по примерот на Хрватска.
По примерот на Хрватска, на социјалните медиуми се појавија повици в петок граѓаните во земјава да не пазарат во маркетите поради високите цени, а деновиве оваа акција се проширува и на други балкански земји како Босна и Херцеговина и Црна Гора.
