HomeАктуелноМакедонија ја потресе трагедија: Избоден 29-годишник

Македонија ја потресе трагедија: Избоден 29-годишник

Млад маж избоден со остар предмет во Радовиш, полицијата трага по напаѓачот Дваесет и деветгодишниот П.Б. од Радовиш е повреден со остар предмет во инцидент што се случил зад угостителски објект во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите од МВР, непознато лице му нанело повреди на П.Б. и веднаш потоа го напуштило местото на настанот.

Инцидентот се случил околу полноќ, а повредениот бил итно пренесен и хоспитализиран во Здравствениот дом Радовиш.

Извршен е увид на местото на настанот, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.