Италијанските медиуми веднаш го прогласија поразот од Македонија во мундијалскиот бараж за катастрофа. Александар Трајковски по вторпат постигна гол против Аѕурите и донесе победа од 1-0 и голема радост за македонските фанови.
Македонија во финалето од баражот за СП во Катар ќе игра со Португалија која славеше со 3-1 против Турција. За оваа средба во комбинација ќе биде и Елиф Елмас.
