HomeАктуелноМакедонската ракометна репрезентација вечер ја започнува авантурата на Светското првенство 2025 година

Македонската ракометна репрезентација вечер ја започнува авантурата на Светското првенство 2025 година

Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Унгарија во првиот свој настап на Светското првенство 2025.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер го одработија последниот тренинг пред почетокот на Мундијалот и подготвени го очекуваат дуелот против фаворизираните Унгарци.

Натпреварот ќе се игра во Вараждин со почеток во 20:30 часот.

Се очекува во Хрватска да допатуваат илјадници припадници на „Фалангата“ која ќе ја бодри Македонија во обид да се изненади силниот ривал на стартот на Светското првенство.

Кирил Лазаров и неговите момци тренираа во малата сала во Вараждин Арена, го направија последниот договор пред утрешниот дуел со Унгарија (20:30 часот).

Претходно, од 18 часот, во првиот натпревар од Д-групата ќе играат Холандија и Гвинеја.

Пласман во Главната групна фаза ќе обезбедат првите три селекции на табелата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.