HomeАктуелноМакедонската репрезентација скокна седум места на ФИФА ранг листата

Македонската репрезентација скокна седум места на ФИФА ранг листата

Победата над Италија, актуелниот првак на Европа, за македонската репрезентација донесе огромен скок на ФИФА ранг листата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со нешто повеќе од дваесет бодови на своето конто Македонија застана на 60-та позиција. Пласманот ќе биде уште подобар ако тимот на Благоја Милевски приреди изненадување и на дуелот со Португалија во вторник.

Секако дека ФИФА рангирањето ќе биде во втор план на натпреварот против Португалците. Во игра е пласман на Мундијалот во Катар, што ќе биде нов историски подвиг на оваа златна генерација македонски фудбалери.

Победата над Италијанците доаѓа една година по историскиот резултат во Дуизбург. Тогаш македонската репрезентација заедно со претходниот селектор Игор Ангеловски успеа да ја шокира големата Германија на гостински терен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.