Вечерва во Охрид на Градскиот плоштад тргна караванот „Mакедонијо, во срце те носиме“ во чии рамки концерти ќе се одржат во речиси сите поголеми градови во земјата, а публиката имаше можност да ја почувствува магијата на живата изведба и да пее заедно со врвните изведувачи кои го сочинуваат овој уникатен проект.
Публиката имаше чест да ужива во жива изведба на најубавите македонски песни, отпеани од врвни македонски уметници, кои преку музиката градат мостови меѓу генерациите, чувство на припадност и заедништво, велат од тимот на „Македонијо во срце те носиме“.
Под Самоиловите тврдини, во срцето на древниот Охрид, ќе одекна песната која ги обединува срцата на сите Македонци – „Нема друга Македонија“, со музика на Милан Завков, текст на Томислав Которчевиќ и со нова аранжманска обработка на маестро Николче Мицевски, а ја изведуваат сите учесници во проектот – сплотени во една песна, со една мисла, со една љубов – за Македонија.

created by InCollage
Преработката на безвременската „Нема друга Македонија“ – изведба што претставува симболично заокружување на досегашната работа и горд почеток на ново музичко патување низ Македонија, е последната композиција која јавноста има можност да ја чуе во рамки на проектот.
Во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“ вечерва ги слушнавме ове преработки:
- „Како што е таа чаша“ – Спасен Силјаноски
- „Не кажувај либе добра ноќ“ – Огнен Здравковски
- „Како пиреј“ – Ламбе Алабаковски
- „Се собрале комитите“ – Миле Кузмановски
- „Ја излези стара мајко“ – Марија Спасовска
- „По друм одам мајче“ – Мина Блажев
- „Горда Македонка“ – Зуица Лазова
- „Запејте сите ангели“ – Бојана Скендеровски
- „Нека живеј Македонија“ – Сузана Спасовска
- „Мајко силна“ – Александар Тарабунов
- „Каде сте Македончиња“ – Андријана Јаневска
- „Ако умрам ил загинам“ – Наум Петрески
