РЕАКЦИЈА НА СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ НА МПС НА ОБЈАВАТА НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА
Почитувани,
Секцијата на Жени при МПС чија основна улога е унапредување на правата на жените во МВР, АНБ, АР И УФП во целост се спротивставува на предлогот на НСП за носење униформа за време на бременост.
Спроведувањето на родовата еднаквост не значи борба на мускули туку подразбира создавање еднакви можности и услови за мажите и жените, културна, еманципирана и целосна посветеност во реализирањето на целите кои ќе бидат во интерес на општеството, институциите и на жените, притоа да не ги заборавиме различните потреби и биолошки карактеристики.
Секцијата на жени ги охрабрува жените вработени во горенаведените институции за време на бременост додека се во можност да носат униформа согласно здравствената состојба , да не кријат дека се бремени за да не бидат распоредени на ,,несоодветни работни места’’, како и можност да бидат „времено“ на места од кои нема да го загрозуваат сопствениот и животот на својот плод. Бременост и раѓање како биолошка карактеристика на жената нема да ја направи неквалитетна и некомпетентна во извршувањето на обврските и задачите.
,,Предлагање на носење униформа“ за време на бременост е крајно дискриминирачка и е во целосна спротивставеност со принципите на еднаквост. Присилување на носење на одреден вид на облека во време на бременост преставува кршење на сите законски и подзаконски акти со кои се регулираат правата и посебната заштита и помош на определена категорија на работници, како што се бремените жени.Родовата еднаквост не значи дека мажите и жените ќе станат исти, туку дека правата, одговорностите и можностите на жените и мажите нема да зависат од тоа дали се родиле како женско или како машко. Под родова еднаквост се подразбира дека се земени во предвид интересите, потребите и приоритетите на жените и на мажите, со што се признава разноликоста. Еднаквоста на жените и мажите се смета за прашање од областа на човековите права, но и предуслов и добар показател за одржлив развој и демократија во чиј центар е секој еден од нас.
Оттука, предлогот за посебна униформа за бремени полициски службенички е апсолутно неприфатлив и непотребен, бидејќи на тој начин се става во ризик здравствeната состoјба на личноста и плодот, како и занемарување на сите предвидени права за заштита на оваа категорија работнички. Овој саркастичен предлог наместо поттик за родова еднаквост го прифаќаме како одземање на веќе стекнатите права на заштита како родилки – пишуваат од МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ и Претседателката на Секција на жени, м-р Афродита Денковска.
