HomeАктуелноМакедонските Темплари со нова хуманитарна акција во Охрид

Македонските Темплари со нова хуманитарна акција во Охрид

Темпларскиот ред, Велик Приорат Македонија – Командеријата Св.Наум Охридски,  со нова хуманитарна акција во Охрид, овој пат одговорија на потребите на црквата св.Илија во охридското село Велгошти.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во рамките на оваа хуманитарна донација беа поставени ПВЦ прозорци во вредност од околу 2000 евра.

Имено, акцијата беше спроведена во знак на празникот  на Св. великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден кој се празнува на 6 мај според новиот, односно на 23 април според стариот календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија, што од друга страна значи дека во негова основа е празнувањето на природата, на разубавувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Ѓурѓовден е слава на  манастирската  црквата на Велгошкиот манастир Свети Илија, додека истата била изградена во 1937 година, а возобновена во 1970 година.

Црквата е сместена над селото Велгошти и се наоѓа на околу 1 километар североисточно од селото на една висорамнина.

 

Ние како организација ќе продолжиме со вакви хуманитарни акции, бидејќи големината на луѓето се мери со големината на делата кој ќе ги направи во својот живот, велат од Командеријата Св.Наум Охридски.

 

Инаку, Темпларски ред, Велик Приорат Македонија е меѓународна организација која за прв пат започнува да делува во Македонија, додека охридскот регион скоро и никогаш не бил застапен.

И по 903 години од основањето на Редот, можеме да слушнеме за нив и нивното делување.

 

 

Подготвил: Е.Р

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.