HomeАктуелноМаксим Димитриевски упатува благодарност: Граѓаните ја препознаваат нашата визија и мисија и се одважуваат!

Максим Димитриевски упатува благодарност: Граѓаните ја препознаваат нашата визија и мисија и се одважуваат!

Ми претставува чест и особено задоволство што денеска можам официјално да соопштам дека десетте илјади потписи потребни за официјализирање на мојата кандидатура за учество на претстојните избори за Претседател на Македонија, како кандидат на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, се собрани.
Многу ме радува фактот што граѓаните ја дадоа својата поддршка во оваа прва фаза.
Се покажа дека граѓаните ја препознаваат различноста на ЗНАМ и на мене како кандидат за Претседател на Македонија од оние што досега беа и се на политичката сцена во Македонија.
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија е партија која е регистрирана пред два месеца, а довербата којашто ја добивме од граѓаните со собрани над 10.000 потписи за само пет дена за нас не е еуфорија, туку тоа подразбира одговорност и обврска.
Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите граѓани кои покажаа одважност, храброст, разбуденост и политички активизам и излегоа на пунктовите на Државната Изборна Комисија ширум цела Македонија и го дадоа својот потпис за мојата кандидатура за Претседател на Македонија.
Посебна благодарност сакам да изразам до членовите и симпатизерите на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија кои активно и несебично учествуваа во изминатите пет дена во процесот на собирање на потписи. За мене поддршката од граѓаните претставува уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат.
Таа е само уште една потврда дека граѓаните ја препознаваат нашата визија и мисија и се одважуваат да ја дадат својата поддршка.
На барање на граѓаните, бидејќи интересот за давањето на поддршката е многу голем, списоците ќе останат во општинските канцеларии на ДИК, а потпишувањето да продолжи и во наредните денови.
Им честитам на сите кандидати што веќе ја добиле поддршката од 10.000 граѓани за официјализирање на кандидатурата за Претседател на Македонија, а на останатите им посака успех на нивниот пат кон целта.
Претседателот на државата треба да биде татко на нацијата, чувар на уставниот поредок, еднакво да се грижи за сите граѓани, без разлика на нивната партиска, етничка и верска припадност. Претседателот треба да биде заштитник на основните придобивки на кои се темели македонската држава, а тоа се Илинден и АСНОМ. Сигурни сме дека ќе успееме, затоа што граѓаните се со нас.
Продолжуваме понатаму, со уште посилна верба, со голем ентузијазам, до конечна победа!
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.