HomeАктуелноМалолетник со петарда запaлил тенда на угостителски објект во Свети Николе

Малолетник со петарда запaлил тенда на угостителски објект во Свети Николе

Малолетник од Свети Николе синоќа со петарда запалил тенда на угостителски објект на плоштадот „Илинден“. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во 19:30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 19:20 часот малолетник фрлил пиротехничко средство во угостителски објект на плоштад „Илинден“ во Свети Николе, при што настанал пожар на тендата на угостителскиот објект.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Увидна екипа на ОВР Свети Николе извршила увид на местото на настанот, а за случајот бил известен Јавен обвинител и Центар за социјална работа и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во писменото соопштение од СВР-Штип.

Секторот за внатрешни работи-Штип апелира родителите да внимаваат нивните деца да не употребуваат пиротехнички материјали, зашто тие можат брзо и лесно да предизвикаат сериозни последици по нивното здравје, односно да им причинат повреди на рацете, очите и другите делови од телото. Покрај тоа, а зависно од другите околности и последици, активирањето пиротехника може да биде и кривично санкционирано, доколку непосредно ја доведе во прашање безбедноста и на други граѓани.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.