HomeАктуелноМасовно убиство во северен Тексас

Масовно убиство во северен Тексас

Локалната полиција пронашла четири тела во дом во Ален, Северен Тексас, а според извештајот на истражителот, се работи за очигледен случај на убиство и самоубиство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Полицијата пристигнала на адресата околу 08:45 часот по локално време за да провери, откако еден од соседите повикал полиција бидејќи членовите на семејството не ја отворале вратата.

Полицајците влегле во куќата и пронашле четири тела, нагласувајќи дека причина за смртта очигледно било убиство и самоубиство.

Некои американски медиуми јавија дека полицијата пронашла тела на цело семејство – мајка татко и две деца на возраст од две и 12 години.

Исламската асоцијација на Ален, која првично ги идентификуваше четворицата членови на семејството, исто така соопшти дека четиригодишната ќерка на семејството се удавила пред три недели во базен.

Полицискиот наредник на Ален, Џонатан Менес потврдил за некои медиуми дека давењето на девојчето „се смета за фактор“ за смртта на семејството.

Градот Ален, со население од над 111.000 луѓе, се наоѓа на околу 40 километри северно од Далас.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.