HomeАктуелноМајка од Србија роди рекордер: Бебе тешко 6,4 килограми!

Мајка од Србија роди рекордер: Бебе тешко 6,4 килограми!

Србинка го роди најголемото бебе во регионот. Toa e рекордер со тежина од 6,4 килограми.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сузана Кучина од градот Горни Милановац, родила машко бебе тешко 6.420 грама и долго 68 сантиметри.

 

„Ова е мое трето дете. Првите две беа со нормална тежина, околу 3.700 грама, но ова бебе нè изненади сите. Ќе го крстиме Павле“, изјавила мајката за RINA.

Сузана вели дека бременоста била нормална, освен што било малку потешко да се движи. Павле е роден неколку дена по терминот.

Породувањето почнало природно, но поради големината на бебето завршило со царски рез.

„Навистина ретко се раѓа вакво бебе“, вели д-р Драган Перишиќ.

Во болницата во Горњи Милановац рекордот го држеше бебе кое при раѓањето пред неколку години тежело 5.900 грама.

Според Гинисовата книга на рекордите, едно од најтешките бебиња во светот е родено во Италија и тоа имало скоро 10 килограми. Родено е во градот Аверс во септември 1955 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.