HomeАктуелноМВР: За сите вработени платени се сите придонеси во законски утврдените рокови

МВР: За сите вработени платени се сите придонеси во законски утврдените рокови

Неколку полицајци кои биле на лекарски и на стоматолошки прегледи вчера се пожалија дека им било кажано оти немаат уплатено здравствено осигурување, поради што прегледите и интервенциите морале да ги платат приватно, објави Телма, цитирајќи неколкумина полицајци кои се обратиле до телевизијата, по што следеше реакција од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
„Во врска со прес конференцијата на еден од синдикатите во МВР, ја известуваме јавноста дека за сите вработени во Министерството за внатрешни работи се уплатени придонесите во законски утврдените рокови, но настанат е проблем при пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос. МВР веднаш презеде мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот ќе биде надминат во најскоро време“, информираат од МВР.
МВР апелира да не се шират дезинформации во јавноста.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.