Денеска во Кичево и околината, РСБСП и МВР реализираа превентивни активности за едукација на возачите на трактори и земјоделски машини и за дополнително обележување на овие возила заради нивна поголема видливост и безбедно учество во сообраќајот.

Претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска апелира на внимателност. „Обрнете внимание на тракторите и земјоделските машини – и тие рамноправно учествуваат во сообраќајот, а возачите кои управуваат со трактор да возат технички исправни и означени трактори за да бидат видливи во сообраќајот. Безбедноста на прво место“, рече Кожуваровска.
„Истите бројки ги имавме и во првите девет месеци од 2021 година, а се повторуваат и годинава. Тракторите не можат да се движат кој знае колку брзо, но проблем е неисправноста на машините и возачките грешки. Затоа упатуваме апел за максимална внимателност при управување на трактори, затоа што грешките можат да бидат фатални“, рече Ангеловски, соопштуваат од МВР.
