HomeАктуелноМВР продолжува со засилените сообраќајни контроли, санкционирани 177 возачи

МВР продолжува со засилените сообраќајни контроли, санкционирани 177 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за недавање првенство на минување на пешаци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, шест мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 47
за непрописно паркирање..

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.