HomeАктуелноМВР продолжува со засилени сообраќајни контроли ширум земјава, санкционирани 224 возачи

МВР продолжува со засилени сообраќајни контроли ширум земјава, санкционирани 224 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)..
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.