HomeАктуелноМВР со детали за сообраќајката на обиколница каде загина велосипедист

МВР со детали за сообраќајката на обиколница каде загина велосипедист

Министерството за внатрешни работи ги соопшти деталите за сообраќајната незгода на обиколница каде еден велосипедист загина а друг заврши во болница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 17.11.2022 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ – обиколница на град Скопје, под клучка Радишани, патничко возило „мазда-3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(63) од Скопје, удрило во велосипедистите А.П.(43) и А.Ш.(34), двајцата од Скопје. На местото на несреќата починал А.Ш., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобил А.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, е наведено во соопштението на МВР.  

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.