HomeАктуелноМВР со засилени сообраќајни контроли, санкционирани 248 возачи за брзо возење

МВР со засилени сообраќајни контроли, санкционирани 248 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 248 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час. Притоа, 158 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.