HomeАктуелноМеморандум за соработка на МВР со Министерството за спорт, поддршка за модерни спортски капацитети и можности за сите полициски службеници и кадети

Меморандум за соработка на МВР со Министерството за спорт, поддршка за модерни спортски капацитети и можности за сите полициски службеници и кадети

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Министерството за внатрешни работи потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете министерства во областа на физичките подготовки и спортски активности.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со овој Меморандум за соработка се утврдува рамката помеѓу страните потписници за работи од заеднички интерес базирани на искористување на стручно- научните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени
кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности преку кои ќе се реализира соработката за работи од заеднички интерес.

„Со потпишување на овој меморандум ја подигнуваме нашата и досегашна одлична соработка на повисоко ниво со што директно ќе влијае врз работата на министерството и подготвеноста на полициските кадети и службеници. Спортот и физичката подготвеност е во директна поврзаност со успешното извршување на задачите на полициските службеници а со тоа и чување на безбедноста на граѓаните. Планираните проекти со министерството за спорт ќе значат унапредување на терените и можностите за квалитетни спортски активности на ниво на европските полиции со една цел, да имаме подготвена и спремна полиција која ќе биде вистински гарант на безбедноста на своите граѓани”, потенцираше министерот Тошковски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.