HomeАктуелноМеѓународна конференција во рамките на мрежата за соработка помеѓу Западен Балкан и Украина

Меѓународна конференција во рамките на мрежата за соработка помеѓу Западен Балкан и Украина

Денес се одржа меѓународна конференција во рамките на мрежата за соработка помеѓу Западен Балкан и Украина. Панел дискусијата беше посветена на обезбедување простор за дијалогот меѓу експертите во врска со неодамнешните безбедносни предизвици за регионот предизвикани од руската инвазија на Украина и хибридното војување, како и можноста за балканско – украинска соработка и заеднички акции.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Главните теми опфатени со дискусијата беа сегашната ситуација на бојното поле во Украина и последиците по регионот, лекции за руско хибридно војување од Украина и Западен Балкан и дезинформациите и Пропагандното влијание врз актуелната состојба во Регионот.

Претставникот од Македонија и тинк тенк организацијата Хоризон Цивитас, д-р Никола Ѓоршоски се осврна на улогата на религијата и религиската пропаганда во војната на Русија против Украина. Тој нагласи дека во пропагандната машинерија Русија се претставува како заштитник на православието, мост за соработка меѓу цивилизациите (православието и исламот) и чувар на традиционалните и семејните вредности против „сатанскиот“ Запад. Во тој контекст влијателните пропагандисти на Балканот ја претставуваат Русија како вистинска (православна и лојална) алтернатива на лицемерната ЕУ.

Руската пропаганда кон Балканот, во однос на војната во Украина, има силна религиозна димензија. Русија се обидува да ги прикаже Украинците како отпадници од православието или како римокатолици, иако релевантните податоци го покажуваат спротивното Православниот пропаганден наратив оди во насока на прикажување на Путин и Русија како нова Византија и заштитник на православието и семејните вредности против деморализираниот Запад, истакнува д-р Ѓоршоски.

На дискусијата беше заклучено дека повеќе конференции од ваков карактер би имале позитивно влијание за експертската, но и пошироката јавност со цел да се разбере што навистина се случува во Украина, како и да се зголеми солидарноста на државите од Балканот со Укриана и Украинскиот народ.

 

powerinfo.mk

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.