HomeАктуелноМЗ ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во Кочани

МЗ ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во Кочани

Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во дискотеката во Кочани. Ова го соопшти денеска министерот за здравство, Азир Алиу, на брифинг со новинарите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имавме неколкучасовна средба со експерти, родители, млади кои беа директно засегнати во трагедијата и слично. Одлучивме дека крајно време е Министерството за здравство заедно со Владата да преземе лидерство во координацијата со сите процеси, во врска со тоа каков вид на донации се  потребни. Министерството ќе ја раководи работната група, во која ќе има и претставници од други институции. Во недела ќе ги соопштиме и имињата на луѓето од работната група, како да се контактира со нив. Пред нас се приоритети, краткорочни и долгорочни процеси, потенцираше тој.

Алиу информираше дека ќе се отвори и мултифункционален иновативен центар, што ќе нуди различни услуги, сервиси, простор за младите и другите во Кочани.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.