– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети Секторот за внатрешни работи – Куманово.
Посетата, како што информираат од МВР, е дел од планираните посети по секторите за внатрешни работи и регионалните центри низ државата со цел согледување на сработеното.
Спасовски со дел од раководството на МВР ќе оствари работна средба со раководствата на СВР Куманово и Регионалниот Центар Север, по што ќе даде изјава за медиумите, пред СВР Куманово.
